Заболените на Инфективна клиника се во стабилна состојба, се чекаат резултатите од обдукцијата

Седум лица од гостиварското село Симница, кои од вчера се хоспитализирани на Инфективната клиника во Скопје, а за кои има сомневања дека се заболени од заразната болест од која вчера починале две лица, се во стабилна состојба.

 Телата на починатите татко и син се на обдукција и се чекаат резултатите за причината на нивмната смрт.

Министерот за здравство Арбен Таравари, кој е во САД, изјави дека анализи за причините за смртта се прават во Тирана, Приштина и во Скопје. Доколку се совпаднат резултатите, нема да се бараат дополнителни анализи во лаборатории на други земји.

Неофицијално, докторите на Инфективната клиника се сомневаат на хеморагична треска. Болеста се пренесува преку глодачи кои го заразуваат добитокот, а преку изметот се заразуваат и луѓето.

Заболените, како и починатите работеле во истото бачило во Симница.

Извор: МКД

Би те интересирало и

СРК Мамец го пориби прилепското вештачко езеро

Согласно законската обрска што ја има како концесионер за ревирот Спортско риболовниот клуб „Мамец“ од ...

Обвинителката Ленче Ристоска е за легализација на канабисот, но во строга законска процедура

Во просториите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, се одржа научна расправа на тема ...