Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Забрана за камиони на патот Лисец – Попова Шапка поради наноси од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози на повисоките места, со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат. На пониските места коловозите се наместа влажни.

Од АМСМ известуваат дека на патниот правец  с.Лисец – Попова Шапка од 11:40 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила поради силен северен ветер кој предизвикува снежни наноси на коловозот.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините.

Би те интересирало и

Владимир Ѓорчев не е повеќе координатор на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ

По барање на пратеникот Владимир Ѓорчев кој што во овој изминат период ја објавуваше функцијата ...

Со неажуриран регистар во јавниот сектор, вработените нема да можат да добијат плата

Државните институции имаат рок од три месеци да ги внесат податоците за своите вработени во ...