Забрана за риболов во периодот на природен мрест на рибите – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Забрана за риболов во периодот на природен мрест на рибите

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство донесе решение за забрана за риболов во риболовните води во периодот на природен мрест на рибите за оваа година.

Забраната се однесува на риболовните подрачја, риболовните ревири и рекреативните зони, а периодот на забрана е различн за секој вид риба.

Забраната за вршење риболов во период на мрест е предложена од концесионерите за да се овозможи природен мрест на рибите.

Со решението, како што информира Министерството, концесионерите на рибите за организирање рекреативен риболов на одделните риболовни ревири и рекреативни зони се должни за периодот на забрана да ги известат рекреативните риболовци, а Македонската риболовна федерација  да ги извести концесионерите, на својата веб страница да објави известување за периодот на забрана по поединечни риболовни ревири и рекреативни зони и по одделни видови риби за кои се носи забраната.

– Забраната за вршење риболов во одделни риболовни води и видови риби се донесува заради овозможување непречен природен мрест на рибите, врз основа на доставениот предлог за забрана на риболов од Македонската риболовна федерација, на барање на концесионерите на рибите за организирање на рекреативен риболов на риболовните ревири и рекреативните зони, велат од МЗШВ.

Извор: МИА

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...