Забранет протест на опозицијата во Подгорица

104837644-56701

Црногорската полиција поради безбедносни причини не го дозволи утрешниот протест на опозицскиот Демократски фронт (ДФ) пред Парламентот во Подгорица. Опозицијата побарала дозвола од полицијата за мирен собир од 17 до 23 часот, но оттаму, сепак  го забраниле протестот.

– Собирот не може да се одржи на местото и во времето во кое е закажан, бидејќи не се исполнети законски услови –  се наведува во полициската одлука.

Полицијата проценува дека постои безбедносен ризик и оти може да се случат инциденти на собирот, што е најавен кога и прославата по повод една деценија од независноста на Црна Гора.

ДФ пак,  дека Владата првпат забранува собир на политичка партија и оти се работи за политички прогон. ДФ нов протест закажа на 26 мај, кога ќе биде одржана и првата седница на преодната Влада.

Би те интересирало и

Еден починат и 48 заболени од западнонилска треска во Србија

Во Србија е регистриран еден смртен случај и 48 случаи на заболени од западнонилска треска. ...

Турција заштедила 186 милиони евра од летното сметање на времето во текот на целата година

Турција заштеди повеќе од еден милион и триста илјади мегават часови електрична енергија од задржувањето ...