Завршува голготата на вработените во Фени индустри – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Завршува голготата на вработените во Фени индустри

По вчерашната одлука на Основниот суд во Велес во рок по 45 дена стечајниот управник и двете банки, да подготват план за реорганизација, со кои комбинатот Фени треба да излезе од финансиската криза а за кој ќе одлучува Одборот на доверители, за претседателот на гранковиот синдикат Пеце Ристески ваквата одлука е забрзување на решенијата за судбината на работниците кои изминатиов период се борат за егзистенција.

Со парите од закуп во висина од еден милион и двеста илјади евра,според Ристески нема да се исплаќаат долговите на комбинатот кон доверителите а работниците да не стравуваат за своите работни места.

Пред десетина дена вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев,најави,дека кавадаречки Фени од февруари ќе се активира,иако немале ингеренции да се мешаат во стечајната постапка за комбинатот тие сепак како Влада ја следат состојбата.

Во меѓувреме комбинатот се подготвува да стартува со работа по одлуката на одборот на доверители да го даде под закуп на швајцарскиот „Фос асет“ менаџмент.
Компанијата минатата година депонира три милиони евра на сметката на Фени како доказ дека се сериозни во намерите за рестартирање на фабриката. Согласно договорот, Фени ќе се рестартира,со гаранции се обезбедени плати на вработените и покривање на сите трошоци.

Фос Асет менаџмент е друштво со седиште во Швајцарија,управува со инвестиции и нуди инвестициски консалтинг услуги за приватни капитали и недвижни имоти.

Би те интересирало и

Со пари од ЕБОР ќе се зголемува бројот на соларни и ветерни електрани

Со 500.000 евра финансиска поддршка од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) Владата ќе ...

Економски раст под четири проценти не е добар за Македонија

Стапка која е помала од четири проценти не е добра за македонската економија, вели поранешниот ...