Завршува шестото издание „На зајдисонце“ во Трпејца

Со настапот на ансамблот „Билјана“ од Охрид и доделувањето благодарници и признанија на дел од учесниците, спонзорите и донаторите, вечерва од 20 и 30 часот во туристичката населба Трпејца ќе биде заокружено шестото издание на културно-забавното лето „На зајдисонце“.

На ова случување ќе му претходи отворањето на еднодневната изложба од колажи создадени од деца уметници на тридневната колонија „Цртаме на зајдисонце“, раководена од професорот по ликовно образование во пензија Слободан Пупиноски.

Во текот на деветте дена мештаните и туристите уживаа во одлично концепираната програма, во која, според организаторот, здружението „За Трпејца со љубов“ имаше настани за сите од седум до седумдесет и седум години. Покровител на летото е Општина Охрид.

Синоќа мештаните и туристите уживаа во несекојдневниот и прекрасен настап на мешаниот градски хор „Вокс лихнидос“ од Охрид и хармоникашот Петар Кочоски од Велестово, кој лани на светскиот натпревар по хармоника во Русија беше меѓу 12-те најдобри хармоникаши во светот во својата категорија.

Претпладнево поголема група вљубеници во пешачењето заеднички во рамките на културно-забавното лето „На зајдисонце“ ја поминаа патеката Чоколоско, која е дел од Националниот парк „Галичица“.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Почнува десеттото јубилејно издание на Викенд медиа фестивал во Ровињ!

На само еден ден пред доаѓањето на есента, почнува десеттото издание на Викенд медиа фестивал ...

„Невреме“ е новата песна на Антониа Гиговска (Видео)

Со нова балада, која има модерен ритам, Антониа Гиговска внесува свежина на домашната музичка сцена. ...

Close