Загриженост во ФБИ, Трамп сака да објави таен документ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Загриженост во ФБИ, Трамп сака да објави таен документ

ФБИ изрази длабока загриженост во врска со точноста на наводите во доверливиот документ што Трамп планира да го објави за истрагата на руското мешање во изборниот процес во САД.

Ова е првпат ФБИ јавно да изнесува оценка за ова прашање коешто доведе до остри поделби помеѓу Министерството за правда на САД и Белата куќа.

Во соопштението се наведува дека Бирото добило само ограничена можност за проценка на тој документ на четири страници, составен од републиканските конгресмени. Додека републиканците наведуваат дека документот открива дека ФБИ и Министерството за правда користеле недозволиви методи за набљудување во истрагата за руското мешање во американските избори во 2016 година, ФБИ соопшти дека во документот се изоставени важни факти, што влијаат на неговата точност.

Директорот на ФБИ и заменик-министерот за правда наведуваат дека со објавувањето на документот Белата куќа направи опасен преседан. Трамп синоќа по обраќањето на нацијата изјави дека е за објавување на документот во јавноста. Според шефот на кабинетот на Трамп, Џон Кели, документот ќе биде објавен наскоро, а тој во Белата куќа пристигнал во понеделникот, кога републиканците во Одборот на претставничкиот дом за разузнавачки прашања изгласаа да биде јавно објавен.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Велика Британија ќе бара од ЕУ да и’ врати пари за системот „Галилео“

Британската Влада се подготвува да побара една милијарда фунти од Европската Унија, за нејзиното учество ...

Француската Влада нареди дислокација на 2.300 мигранти од Париз

Францускиот министер за внатрешни работи Жерар Колон нареди дислокација на околу 2.300 мигранти сместени во ...