Заев вети општество без реваншизам

Солидарно општество, подобар живот, одговорност, крај на поделбите вети претседателот на СДСМ Зоран Заев во обраќањето на 22 партиски конгрес кој денеска се одржува во скопскиот хотел Александар Палас. Заев пред делегатите и гостите на конгресот како мандатар на новата влада рече дека ќе се фокусираат на она што зближува, а не на тоа што разделува.

Вети солидарно општество, без реваншизам, департизација, поголеми работнички права, аргументи, а не лажни вести. Западните вредности се наши стратешки определби, а наши партнери се Европската унија и НАТО, додаде Заев.

“Влогот е превисок, да не дозволиме да не поведат ниски политички страсти или нефер ривалства, без разлика дали меѓусебе или кон нашите политички противници” рече Заев.

Побара од партиското членство да бидe одговорнo пред граѓаните преку отчетна работа, да остане меѓу луѓето за да знаат како живеат.

По него во отворениот дел од конгресот се обратија претставници на сестринските европски партии. Потоа следува затворен дел на кој ќе треба да се избере претседател, заменик претседател, членови на централниот и на надзорниот одбор.

На почетокот Заев го поздрави и присутниот во салата Бранко Црвенковски, нарекувајќи го почитуван претседателе, што предизвика аплауз во салата.

На конгресот се присутни и претставници од други македонски политички партии, меѓу кои и делегација од Беса предводена од претседателот на партијата Биљаљ Касами, делегација од ДУИ и други.

Додади коментар

Би те интересирало и

Груевски: Целта на обвиненијата е да се уништи ВМРО-ДПМНЕ

Откако Специјалното јавно обвинителство побара притвор за лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски, тој реагираше ...

Продолжена кризната состојба на јужната и на северната граница

Собранието денеска изгласа продолжување на кризната состојба на јужната и на северната граница поради зголемен ...

Close