Заев: Во август ќе бидат изготвени менија за бизнис планови

Инфраструктурно уредување на економската зона во Визбегово, изедначени услови со странските инвеститори, како и неселективна примена на законите – ова се барањата кои бизнисмените денеска му ги предочија на премиерот, Зоран Заев. Тие ги споделија своите забелешки и предлози на заедничката средба што ја организираше Стопанската комора на Северозападна Македонија (СКСЗМ).

Владата да формира специјално тело кое ќе ги уважи барањата на компаниите што претрпеа штети при ланските поплави во Сингелиќ – предложи еден од бизнисмените на денешната средба. Тој покажа документација за штетите и барањата,  од кои според него, досега ниту едно не е уважено. Друг бизнисмен укажа на царинските стапки, кои како што рече тој, се највисоки во регионот.
Повеќето претставници на компаниите, денеска побараа и инфраструктурно уредување на економската зона во Визбегово.

Премиерот, Зоран Заев најави дека во текот на следниот месец, ќе бидат изготвени таканаречени менија, во кои ќе бидат објаснети условите за поддршка на инвестициите на домашните, но и на странските компании:

„Дополнителниот пакет за помош значи директна државна помош, преку илјадници евра врзани со неколку критериуми – вкупен број на работни места, висината на платите, колку компаниите земаат инпути од домашното стопанство, еколошки дали е заокружен самиот проект и уште неколку други критериуми. Тие ќе бидат објавени како менија.Секој што има бизнис план ќе го избере своето мени и ќе има административна процедура во Владата“.

Заев повторно го потенцираше двосменското работење на административците во државните инстититуции, но им предложи на компаниите, со владина поддршка тие да вработат дел од овие службеници. Станува збор за квалитетен кадар, но генерално тоа се многу луѓе, и не може за чуварско место во државните институции да бидат ангажирани 19 лица – додаде Заев.

Во обраќањето на средбата, тој се осврна и на даночната евазија, посочувајќи ја како голем проблем на државата. Во овој контекст рече дека ќе се посегне по мерки кои ќе значат чесно наплаќање на данокот на додадена вредност, а намерата на инспекторите нема да биде казнување, туку укажување и предупредување.

 

Вања Мицевска

Додади коментар

Би те интересирало и

Извршители влегле во Фени, му се заканува ли стечај на кавадаречкиот комбинат за никел

Извршителите тропнале на вратите на кавадаречкиот комбинат за никел Фени Индустри, a како што дознаваме, ...

Институциите спроведуваат 70 отсто од препораките на ревизорите

Околу 70 проценти од препораките кои Заводот за ревизија им ги дал на државните институции ...

Close