Заев во 14 часот ќе ги однесе потписите кај Иванов – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Заев во 14 часот ќе ги однесе потписите кај Иванов

Лидерот на СДСМ, Зоран Заев денеска во 14 часот треба да му го достави на претседателот, Ѓорге Иванов доказот за обезбедно парламентарно мнозинство за формирање влада.

По доставувањето на доказот за обезбедено мнозинство се очекува претседателот Иванов да донесе одлука во наредните денови.

Според најавите од СДСМ, Заев ќе му достави на Иванов потписи од 67 пратеници од СДСМ, ДУИ, Беса и Алијансата на Албанците.

Претседателот Иванов по консултациите со лидерите на политичките партии кои освоија мандати во Собранието на 1. февруари годинава, изјави дека „мандат за состав на новата влада ќе добие партијата или коалицијата која ќе го извести и ќе докаже дека обезбедила мнозинство во Собранието“.

Иванов ги искажа и очекувањата од оние што ќе формираат влада.

„Од оние што ќе ја составуваат новата влада барам во својата програма да имаат два клучни приоритета: Прво, заштита на државните интереси на Република Македонија, што подразбира зачувување и зацврстување на унитарниот карактер на државата. Второ, системска реформа по кризата во која ќе бидат опфатени субјектите на системот за национална безбедност на Република Македонија“, рече претседателот Иванов.

Тој истакна и дека ќе постапува исклучиво во интерес на државата и на граѓаните на Република Македонија, во согласност со Уставот и законите.

Би те интересирало и

Иванов ја посети Железната црква во Истанбул

Претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов кој е во официјална посета на Турција, вчера ја ...

Претседателот Иванов со сопругата ќе се сретнат со Ердоган во Турција

Претседателот на Република Македонија,  Ѓорге Иванов, придружуван од сопругата, г-ѓа Маја Иванова, од денеска престојува ...