Заев: Застојот во изградбата на автопатите е предизвикан од грешки во проектирањето и нерешени имотно-правни односи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Заев: Застојот во изградбата на автопатите е предизвикан од грешки во проектирањето и нерешени имотно-правни односи

Премиерот Зоран Заев соопшти дека веќе ги има првичните информации за повеќемесечниот застој на изградбата на автопатите Миладиновци-Штип и Кичево-Охрид, којшто, како што рече, е предизвикан од грешки во проектирањето, поради ненавремено решавање на имотно-правни односи на првиот автопат и изместување на трасата на вториот.

За таа цел премиерот Заев најави средба во најскоро време со кинескиот изведувач и со другите вклучени страни во проектите со цел изнаоѓање брзо решение.

Ваквите информации Заев ѝ ги пренел на кинеската амбасадорка Лин Лисјен, со која се сретна претпладнево.

Тој најавил и конкретни иницијативи и од страна на Владата на Македонија за проширување на економската соработка на НР Кина.

Премиерот Заев информираше дека веќе се остварени контакти со кинески компании за соработка во областите на енергетиката и градежништвото, а најави и проширување на соработката во земјоделството.

„Кинеската амбасадорка Лисјен ја поздрави определбата на Владата на Македонија за подобрување на квалитетот на живот на сите граѓани. Амбасадорката Лисјен соопшти дека НР Кина ја поддржува Македонија во евроинтеграциите. Премиерот Заев соопшти дека Република Македонија дава целосна поддршка на единствена НР Кина“, соопшти владината прес-служба.

На средбата е заеднички поздравено традиционалното пријателство меѓу Македонија и Кина и е договорено унапредување на соработката меѓу двете земји во сите сфери од интерес на граѓаните на двете земји.

Извор: Макфакс

Би те интересирало и

Заменик помошникот на УСАИД Бирман го посети националното радио Канал 77

Помошник aдминистратор на Бирото за Европа и Евро-Азија во УСАИД Вашингтон, Брок Бирман, во придружба ...

Заменик помошникот на УСАИД на средби во Штип

Градоначалникот на Општина Штип, Благој Бочварски, денеска оствари средба со претставници на USAID, меѓу кои ...