Заев за разговорот со Хајндл: Нема конкретни резултати, ова се почетни средби – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Заев за разговорот со Хајндл: Нема конкретни резултати, ова се почетни средби

zaev germanska ambasada
Фото: Агенција Мета

Ништо конкретно не се договоривме, ова се почетни разговори – изјави по 45-минутната средба со германскиот специјален пратеник Јоханес Хајндл, лидерот на СДСМ Зоран Заев, пренесе порталот Плусинфо.

Веднаш по Заев, на средба со Хајндл пристигна претседателот на ДУИ, Али Ахмети во придружба на шефот на кабинетот Артан Груби и градоначалничката на Тетово, Теута Арифи. По средбата со Ахмети, Хајндл ќе се сретне и со првиот човек на ДПА, Мендух Тачи.

Посетата на Македонија ќе заврши со средба со евроамбасадорот Аиво Орав.

Инаку вчера, Хајндл се сретна со министерот за надворешни работи Никола Попоски, американскиот амбасадор Џес Бејли, како и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.

 

Извор: www.plusinfo.mk

Би те интересирало и

„Тврдокорните“ протестираа против Законот за јазиците

  „Тврдокорни“ , „Македонските обединети сили“ и уште неколку здруженија, денеска протестираа пред македонското собрание ...

Бачев ќе ги поништува документите за влез на Македонија во ЕУ и НАТО

„Народното движење за Македонија на денешниот конгрес, одлучи да се преимени во „Единствена Македонија“. Избрани ...