Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Заев: Земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето посилна ЕУ

Сега е време да се препознае моментот земјите од Западен Балкан да учествуваат во градењето на посилна ЕУ – порача премиерот, Зоран Заев денеска од Софија каде што учествуваше на меѓународната конференција „Демократија што испорачува: Откочување на потенцијалите на Западен Балкан десет години подоцна“.

На конференцијата, на која Заев беше поканет од фондацијата Конрад Аденауер и тинк-тенк организациите Центар за студии по демократија и Европски фонд за Балканот, потсети дека граѓаните во Македонија срушиле, како што смета тој, авторитарен режим со пенкало на избори и со решителна волја за враќање на демократијата.

„Успеавме да го направиме она што честопати се стремат да го направат многу земји ширум светот, но ретко успева“, нагласи премиерот Заев, додавајќи дека надминувањето на кризата било само половина од приказната.

„Донесовме нов дух во односите со соседите. Отворивме дијалог за решавање на проблемите. Градиме мостови за соработка врз основа на взаемна доверба и почит, и постојано инсистираме да се оствари победа-победа за сите билатерални прашања“, нагласи Заев, додавајќи дека во тој дух се остваруваат и разговорите со Грција околу спорот со името и дека се во многу напредна фаза.

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...