Заев: Злосторството во Сребреница е дамка во колективната совест на човештво

Тоа што се случи во Сребреница пред 22 години е еден од најголемите порази на цивилизациските вредности и лекција што мораме да ја научиме еднаш засекогаш, вели премиерот Зоран Заев.

– На овој ден, пред 22 години, откако повеќе од 8.000 луѓе беа убиени, не е доволно да повторуваме „никогаш повеќе“, туку да се соочиме со минатото и да се поклониме пред жртвите. Ова злосторство против човештвото е дамка на нашата колективна совест, но и најмоќниот потсетник дека мораме да спротивставиме на секоја форма на насилство и да застанеме во одбрана на човековите права и достоинство – вели Заев.

Заев во името на граѓаните на Република Македонија изрази најдлабоко сочувство кон семејствата на сите настрадани во Сребреница, но и за сите жртви што живот го загубиле во војната во Босна и Херцеговина.

Би те интересирало и

Најмногу дожд изминатите 24 часа наврна во Дојран

Најмногу дожд во изминатите 24 часа се наврнати во Дојран. УХМР регистрира 88 литри на ...

На граничниот премин Делчево во прекин е сообраќајот за товарни возила

Утрово на граничниот премин Делчево поради проблем со компјутерски систем на царината, во прекин е ...