Заев и Ахмети констатираа дека договорот за нивна меѓусебна подршка се исполнува во целост

Заев и Ахмети по средбата одржана во еден млечен ресторан во Тетово, констатираа дека сите точки од нивниот договор за меѓусебна подршка се исполнети, и најважно е како што рекоа, е дека тој договор е на принципиелни основи, и е создаден пред да започне целиот изборен процес, за разлика од БЕСА и Алијансата на Албанците, кои формираа коалиција за локалните избори пред вториот круг.

За Заев ваквата колација на Алијансата која е владин партнер со опозициона партија е незгодна состојба, но секој ќе одговара пред своите гласачи, рече Заев.

Тој додаде дека има информации оти Алијансата во некои места во пресрет на вториот круг од локалните избори, коалицирала и со ВМРО ДПМНЕ.

Инаку Заев синоќа пред средбата со Ахмети одржа митинг во Тетово, каде побара од присутните да гласаат за Теута Арифи од ДУИ, која според него ќе продолжела да ги решава проблемите во градот.

Тој синоќа одржа средба и со жителите на Струга, од кои иста така побара да гласаат за кандидатот од ДУИ Рамиз Мерко, кој влезе во вториот круг од изборната трка.

Би те интересирало и

Денеска се прегласува во Чаир

Во избирачкото место 2901 во општина Чаир денеска повторно се гласа за градоначалник. По вториот ...

Утре ќе се прегласува на едно избирачко место во Чаир

Во општина Чаир во избирачкото место 2901 утре ќе биде повторено гласањето од вториот круг ...