Заев пристигна кај Иванов по мандат

-Во Македонија следува мирен и брз трансфер на власта – изјави денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев пред да се сретне со Ѓорге Иванов во претседателската вила на Водно за да му ги даде потписите, кои беа услов за добивање мандат за формирање влада.

„Ова е историски ден за Република Македонија. Во рака држам 67 потписи од пратеници во Собранието, коишто гарантираат можност за формирање нова влада. Очекувам Иванов да го даде мандатот што е можно побрзи за да можат да почнат преговорите за формирање нова влада. Сакам да им порачам на граѓаните и на институциите дека во Македонија следува мирен и брз трансфер на власта“, изјави Заев пред состанокот со претседателот Иванов.

Би те интересирало и

В петок пресуда за Лазаров за „шамарите во Центар“: Груевски не го коментира признанието на вина од неговиот сопартиец

  Преседан се случи на денешното судско рочиште за насилството во општина Центар, кога четвртообвинетиот ...

Владата подготвена да ги избрише глобите за медиумите и да го зголеми буџетот за МРТ

Целта на Владата е да создаде простор и механизми со кои медиумите ќе можат да ...