Заев: Со ДУИ и Алијансата сме блиску до договор, со БЕСА немаме разговарано за имиња

Мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во изјава за Ал Џезеира Балканс вели дека се блиску до договор со ДУИ и Алијансата за Албанците, а со Движењето БЕСА се’ уште немаат разговарано за имиња.

– Со БЕСА немаме уште разговарано за имиња, само за ресори. Ќе ги продолжам разговорите веднаш чим се вратам во Скопје, наша конечна цел е до крајот на оваа недела владиниот кабинет и програма да бидат доставени до Собранието, јас верувам дека до среда Македонија ќе има нова Влада“, истакнува Заев во интервјуто.

Тој додава дека во полицијата има поголем број професионалци и дека се малку оние кои поради партиски наредби напаѓале пратеници за време на крвавиот четврток.

„Еден од принципите за враќање на правната држава е дека партиите мора да бидат пример дека законите важат за сите, тоа значи дека за сите политичари законот мора да биде ист. Независно правосудство, преку независни судии ќе се докаже вина или ќе се утврди невиност, ако има независно судство граѓаните ќе веруваат дека има правна држава“ потенцира Заев.

Додади коментар

Би те интересирало и

ЗАХАРИВ под сомение за 33.000 евра

Нема информации каде отидоа 25.000 евра наменети за граѓанските организации и 8.000 евра за социјални ...

МПЦ-ОА: По полувековно опстојување, се ближи времето за признавање на македонската црковна реалност

Светиот архиерејски синод на МПЦ – ОА во пресрет на централната прослава по повод 50-годишнината ...

Close