Заев: Утврдивме опција што може да биде прифатлива за двете страни – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Заев: Утврдивме опција што може да биде прифатлива за двете страни

Македонија и Грција имаат опција која  и за двете страни може да биде прифатлива – соопшти македонскиот  премиер Зоран Заев  на прес конференција во Софија, по средбата со својот грчки колега Алексис Ципрас. Тој оцени дека денеска со Ципрас имале суштествена средба на која го потврдиле тоа што претходно го договориле шефовите на дипломатиите на двете земји:

„Разговаравме суштествено и разгледавме неколку опции, една од нив е решение прифатливо за двете страни Продолжуваме со консултации дома за да видиме дали е можно практично спроведување на тоа решение и ако е возможно веројатно ќе имаме решение“.

„По сето тоа што досега беше постигнато како премиери констатиравме и потврдиме дека стоиме зад сето тоа. И добро е што е завршено. Тоа што беше останатоотворивме преку неколку опции и утврдивме една опција што може да биде прифатлива за двете страни, но јас и Ципрас мора да внимаваме на институционалното спроведување и да  разговараме со претседателите на двете држави“, појасни македонскиот премиер.

На прашање дали може да дојде до одложување на решението за името, Заев кусо возврати- „Не дај боже“, но веднаш и додаде дека е меѓу двете страни е развиено неповратно пријателство, кое и во иднина ќе се развива:

„Би било убаво решението што двете страни би сакале да биде прифатливо, да се постигне уште сега, бидејќи на крајот на јуни имаме европски Совет, а тоа би било дополнително охрабрување за европскиот Совет“.


Доколку не е возможно, кажа премиерот, ние продолжуваме во барањето решение, се додека не се договориме.

Би те интересирало и

25 години ФООМ:Отвореното општество во Македонија исправено пред предизвици кои треба да ги надмине

  Македонското општество од една фаза на децениско перманентно затворање, почнува да се отвора и ...

Имињата за новите министри утре ќе бидат доставени до Парламентот

Премиерот Зоран Заев утре до Парламентот ќе ги достави новите имиња за реконструкција на Владата. ...