Заев утре ќе бара мандат од Иванов

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев со 67 пратенички пoтписи утре ќе побара од претседателот на државата, Ѓорге Иванов мандат за формирање влада.

Централниот одбор на партијата вчера донесе одлука Заев да биде мандатар за состав на новата Влада, а покрај 10-те потписи од ДУИ, тојќе добие и 5 од БЕСА и 3 од Алијанса за Албанците

Со неговото утврдување за мандатар за Влада, Заев доби поддршка и овластување од Централниот одбор да влезе во преговори за владината програма и за новиот владин состав.

„Се определивме за квалитетен живот на сите граѓани, во едно праведно и правично општество за сите и сѐ што правевме досега во оваа фаза на обезбедување на парламентарното мнозинство, беше водејќи се исклучиво од тој интерес на граѓаните, согласно Уставот на Македонија“, изјави Заев.

Откако ДУИ ги даде потписите за добивање мандат, портпаролот Бујар Османи завчера изјави дека давањето потписи е за да се запази рокот за локалните избори. Сепак, тоа сè уште не значи дека ДУИ ќе учествува во владата. Нивниот дефинитивен одговор се очекува утре.

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close