Заев: Јас им простив но пред законот ќе одговараат

За случувањата во парламентот, Заев очекува дека секој за кого постојат докази дека учествувал во нападите, дали како организатор, дали како инспиратор или како директен изрвшител ,да си сноси казна. За тие за кои нема да се докаже, треба да си бидат ослободени – јавува претпладнево Макфакс.

Заев е убеден дека нападот во парламентот бил добро подготвен, организиран и планиран обид за убиство, и како што рече „немало да има ниту „Н“ од насилство ако некој не ги отворел челичните профили на вратите одвнатре, бидејќи тие врати се непробојни и не би можеле да бидат отворени дури и да немало ниту еден полицаец во близина“. Но сепак, тој остава на професионалците во Обвинителството да одлучат за каков вид на дело се работи.

Постојат докази, рече Заев, дека шестмина пратеници од ВМРО-ДПМНЕ се директно инволвирани во нападите – преку давање насоки на напаѓачите каде да се движат во собраниските простории, отворањето на вратите итн.

Тој напомена дека надвор од здрав разум е дека маскирани лица со фантомки на главата учествуваат во спонатан напад.

Заев дополни дека веќе наредниот ден по нападот, тој им простил на сите кои учествувале во него, бидејќи така му налагаат неговата вера и совест.
„Ако не простувам, нема ништо. Сакам да имам добра и успешна влада, а за тоа да се случи, мора да има и кооперативна опозиција, затоа им простив. Но потенцирам дека законот важи за сите и кој згрешил мора да сноси последици“

 

Извор: www.makfax.com.mk

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...