Заев – Ќе има конфискација, не федерализација и кантонизација

zaev-delcevo

Во Македонија по 12 декември нема да има федерализација и кантонизација, туку конфискација на незаконски стекнатиот имот, порача Зоран Заев вечерва на митингот во Делчево.
– Се збунил Груевски вели дека ќе има федерализација, кантонизација. Не, ќе има конфискација. Ќе ги конфискуваме украдениот имот и ќе го вратиме назад кон граѓаните. Им се смее цела Македонија овие денови, почнаа со икони да шетаат по митинзи, икони носат криминалци луѓе нелуѓе кои се огрешиле по сите 10 заповеди. Народот нема да им прости, парите има да ги вратат. А гарантираме дека имаме европски устав, одличен устав, тој ќе се почитува и нема менување на уставот. Не дозволувајте режимот повеќе да ве лаже, рече Заев.
Тој додаде дека Делчево, градот што го носи името на великанот Гоце Делчев, ќе го оправда аманетот на Делчев дека „Делото на ослободување на еден народ, е пред се, негово дело, на неговите сопствени раце“.
– Да стане сега Делчев и да види какви неранимајковци го носат светото име на ВМРО и на какво дереџе ја донесоа Македонија, затоа ли тој се борел и гинел. Ќе умре повторно, но сега од жал. Денеска знаеме се, вистината е обелоденета до крај, не може никој од надвор да дојде и да ни ја спаси Македонија. Затоа Делчев зборуваше делото на ослободување на еден народ е ред се негово сопстено дело, на неговите сопствени раце. Во наши раце е пенкалото е па, ајде да се ослободуваме од бедниот крпен живот и да им се придружиме на модерната Хрватска, Италија, Словенија, порача Заев.

Додади коментар

Би те интересирало и

ДИК дефинитивни резултати за пратеници ќе објави доцна попладнево, ги прегледува записниците

Членовите на Државната изборна комисија сакаат детално да ги прегледаат записниците од сите општински изборни ...

Пат ситуацијата ја заострува кризата

Медиумите на германски јазик известуваат за тесен исход на предвремените парламентарни избори во Македонија, без ...

Close