Заев ѝ го честита приемот на Нотарската комора во Советот на нотаријатите на ЕУ

Премиерот Зоран Заев, од име на Владата и од свое име, на Нотарската комора на Република Македонија, како и на претседателот на комората Васил Кузманоски им го честита приемот во Советот на нотаријатите на Европската Унија (CNUE).

Советот на нотаријатите едногласно ја одобри апликацијата на Нотарската комора на Република Македонија на Генералното собрание кое се одржа во Шпанија, на 16 и 17 јуни годинава. Со ова македонската нотарска комора се здоби со статус на набљудувач во CNUE.

Нотарската комора на Македонија исто така е член и на Меѓународната унија на нотаријатите (UNIL).

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Министерството за култура подготвува измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува текст за Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за авторското ...

Уште три лица хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести

Уште три лица од гостиварско село се хоспитализирани во Клиниката за инфективни болести со висока ...

Close