Заедничка показна вежба на АРМ и Црвениот крст на Република Македонија

Заедничка показна вежба за животоспасувачи одржаа во петок Армијата на Република Македонија (АРМ) со Црвениот крст на Република Македонија(ЦК на РМ).

На вежбата која се реализира како дел од активностите за одбележување на 25 години од постоењето на АРМ се покажа високо ниво на координирани активности на припадниците на АРМ и волонтерите на Црвениот крст во спасување животи при замислена кризна ситуација.

Воедно ова беше завршен практичен тест на четиринеделната обука за животоспасувачи на припадници од единиците на АРМ и волонтери од Црвениот крст која се изведуваше во центарот за медицинска обука во воено-медицинскиот центар на АРМ.

Прикажаните постапки во замисленото сценарио при укажување прва помош на полесно и потешко повредени од експлозивна направа, сопирање крвавења, имобилизација на повредите, извлекување, тријажа и евакуација до повисоките здравствени установи во потполност ја оправдаа подготвеноста на учесниците во справување со вакви ситуации.

Превземено од: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close