Заканата со затвор не ги плаши препородавачите на карти за Супер купот

И покрај предвидената законска казна до три години затвор, карите за Супер купот во Скопје, на 8 август и натаму се продават на црно. Цената на една карта што се нуди на социјалните мрежи достигна и до 1000 евра.

Редовната цена на овие карти беше од 15-50 евра. Со измените на Кривичниот законик, усвоени минатата недела во Собранието по барање на УЕФА, продажбата на карти на црно е кривично дело, за кое се оди во затвор. Но, и покрај високите казни, препродавачите многу не се загрижени, па картите на социјалните мрежи ги нудат со свое име и презиме. При тоа, на коментарите и прашањата на потенцијалните купувачи, продавачите на црно смируваат дека при велзот во арената „Филип Втори“, нема да се проверуваат имињата и презимињата на тие што ги купиле картите, туку само бар кодовите. Меѓутоа, УЕФА ги објасни правилата за влез, според кои, купениот билет може да го искористи само неговиот купувач. На влезот ќе треба да приложат и документ за идентификација.

Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед ќе играат на „Филип Втори арената“ на 8 август во борба за трофејот во Супер купот на Европа. Во Скопје ќе играт најтрофејните екипи во Шпанија и Англија, што го зголеми интересот за билетите.

Би те интересирало и

За една година СВР Тетово има дарувано двесте единици крв

Секторот за внатрешни работи Тетово, успешно ја организираше последната крводарителна акција планирана за годинава. Вработените ...

Љубе Бошковски: Во Македонија мора да се врати критичката свест

Лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошковски вчера во Прилеп присуствуваше на отворањето на нови ...