Започна втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Започна втората фаза од изградбата на експресниот пат Градско – Прилеп

Стартува изградбата на втората фаза од експресниот пат Градско Прилеп, со која е предвидено изградба на делот од Градско преку Росоман па се’ до клучка Кавадарци во должина од 16 км. Премиерот Зоран Заев кој денес присуствуваше во Росоман изјави дека продолжува градежната офанзива за подобрување на патната инфраструктура која изминатите години била подзаборавена и во многу лоша состојба.

„270 милиони евра се обезбедени оваа година,за изградба,реконструкција и рехабилитација на повеќе од 60 патни правци во должина од околу 800 км. Тоа е сериозна градежна офанзива на патната инфраструктура во РМ, станува збор за проекти од голем долгорочен интерес за економијата, за граѓаните за идните генерации“, рече Заев.

„Експресниот пат ќе се гради по сите безбедносни и технички стандарди, а на највисоко ниво ќе биде безбедноста на сообраќајот“, најави министерот за транспорт и врски Горан Сугаревски.

„Сметаме дека граѓаните заслужуваат да возат по модерен и безбеден пат,кој значително ќе ја олесни комуникацијата и ќе го забрза транспортот на стоки и услуги, максимално се посветивме на создавање услови да мможеме да ја започнеме оваа градежна офанзива која во моментов се реализира низ цела држава и дополнително она што ќе следи во наредните месеци“, изјави Сугаревски.

„Еден проект завршува друг почнува, а тоа значи дека трансевропската транспортна мрежа, столбот на европскиот внатрешен пазар добива форма“, потенцира евро амбасадорот Самоул Жбогар.

„Коридорот 10 е најважната меѓународна рута која поминува низ земјата тој го поврзува регионот со останатиот дел на Европа, ги поврзува сегашните и идните земји членки. Ние навистина очекуваме новиот пат да го поттикне економскиот раст. Тој ќе овозможи поголем транспорт и поголеми можности за бизнис,ќе ја олесни мобилноста со намалување на застојот“, истакна Жбогар.

Патот  се гради во три фази и чини 60 милиони евра. Инвестицијата за оваа делница е 23 милиони евра средства обезбедени од фондовите на Европската Унија.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Анита Ангеловска Бежоска избрана за гуверенер на НБРМ

Собранието на Република Македонија на 46. седница ја именуваше д-р Анита Ангеловска Бежоска за гувернер ...

Работниците од Фени ја прашуваат Слаѓана Тасева чии интереси застапува по наводите за стечајот во фабриката

По денешната прес конференција на Транспаренси Интернешнел Македонија, каде директорката Слаѓана Тасева ги повика надлежните ...