Започна со работа новата претоварна станица за смет

Долгонајавуваната станица за претовар на сметот во Тетово, конечно започна со работа. Камионите на Јавнот комунално претпријатите Тетово ѓубрето попладнево го истураа во станицата кое се компресираше во посебни контејнери. Градоначалничката на Тетово Теута Арифи, рече дека со овој проект, сметот собран од домаќинствата повеќе нема да се истура и претовара на земја пред да се носи во скопската депонија Дрисла.

Таа додаде дека Општината работи на два други проекти, со кои според неа проблемот со сметот ќе се реши во целиот Полошки регион. Се работи за изградба на станица за рециклирање на сметот и уредување на региналната депонија Русино, каде ќе можат да го носат сметот сите 9 општини од полошкиот регион.

Од Јавното комунално претпријате Тетово, рекоа дека наскоро локацијата на влезот од Тетово, преполна со илјадници тони отпад каде досега нивните камиони го истураа и претовараа сметот целосно ќе биде исчистена.

Додади коментар

Би те интересирало и

Состојба на патиштата: Зголемен интензитетот сообраќај надвор од градовите

Сообраќајот на државните патишта се одвива пo суви коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци ...

Времето денеска: Претпладне сончево, попладне дожд и грмежи

Променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локални краткотрајни врнежи oд дожд ...

Close