Започнува разрешувањето на Зврлевски, над 90 пријавени дискутанти – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Започнува разрешувањето на Зврлевски, над 90 пријавени дискутанти

Разрешувањето на јавниот обвинител на РМ Марко Зврлевски денеска е на дневен ред на Собранието.

Вчера попладне, беше утврден само листингот на пријавените дискутанти, по што претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и ново продолжени закажа за денеска во 11 часот.

За оваа точка се пријавени над 90 пратеници.

Речиси недела дена откако Владата го испрати предлогот до Собранието, опозицијата преку формирање десет пратенички групи и тактика на барање чести паузи се обиде да ја одложи што е можно подолго расправата по оваа точка.

За владејачкото мнозинство ова беше очигледен обид повторно да се блокира собраниската работа, додека пак опозицијата се бранеше дека со тоа сака да постигне поголема инклузивност.

Пратениците на ВМРО- ДПМНЕ претходно поставија и нов услов – разрешувањето на Зврлевски ќе се дискутира, откако во редовна постапка ќе се разгледаат измените во Законот, преку кои бараат тие да го предложат новиот обвинител, а Собранието да го гласа со двотретинско, наместо со просто мнозинство.

Разрешувањето на Зврлевски доаѓа на предлог на Владата и по мислењето на Советот на јавни обвинители.

„Предлогот за разрешување на Марко Зврлевски од функцијата јавен обвинител на Република Македонија, пред истекот на мандатот, е поради незаконито, ненавремено и недоволно стручно вршење на функцијата. Исто така, во своето однесување и дејствување именуваниот покажа дека не е способен за извршување на функцијата, поради неподнесување барање за поведување кривична постапка за случаи предвидени со закон и поради нарушување на угледот на функцијата“, пишува во образложението на Советот на јавни обвинители кое го доставиле до Владата.

За да се разреши Зврлевски потребно е мнозинство од 61 пратеник.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Сообраќајот затворен од Пршовце до Јегуновце, а по една коловозна лента од Прилеп до Прилепско Езеро

Поради изведување градежни работи затворен за сообраќај денеска и утре ќе биде патниот правец Пршовце-Јегуновце. ...

Времето денеска: Сончево и топло, попладне дожд и грмежи

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне облачноста на места ќе ...