Започнува регистрацијата за „Женска трка 2017

Традиционално пред почетокот на „Виз Ер Скопски Маратон“ на 9 април 2017 (недела), ќе се одржи петтата по ред „Женска трка“ во Градскиот Парк во Скопје. Истата е со должина од 2 км. и на крајот од трката сите натпреварувачки учествуваат во лотарија со богати награди од спонзорите.

„Женската трка“ низ годините ги посочува здравствените придобивки од редовното спортување. Секоја година илјадници учеснички ја започнуваат сезоната на здравјето и вежбањето преку тренирање за женската трка. Од година на година таа добива на популарност и сè повеќе жени се пријавуваат за учество.

Организатор на трката е Сојузот на спортови на Скопје и е во покровителство на Град Скопје како дел од промотивните трки за „Виз Ер Скопскиот Маратон“ кој ќе се одржи на 7 мај 2017 година и за кој сè уште трае рокот за пријавување. На маратонот досега се имаат пријавено над 1.500 учесници од 31 земја – бројка која ветува и ова издание на маратонот да е најмасовното до сега.

За „Женската трка 2017“ пријавувањето започнува од денес, 16 февруари , а сите кои ќе се пријават во првите четири дена ќе можат да си го изберат стартниот број. Првиот рок за пријавување ќе заврши на 28 февруари, каде по завршување на истиот цените постепено ќе се зголемуваат.

 

Додади коментар

Би те интересирало и

Сметот од тетовската дива депонија се носи само во скопската депонија Дрисла

Жителите од гостиварските села, кои го блокираат патот кон регионалната депонија Русино велат дека и ...

Централниот регистар ја уплатил ланската добивка на сметка на АД „Бетон“

Добивката која Централниот регистар ја остварил за 2016 година била уплатена на сметката на градежната ...

Close