Зарази и епидемии му се закануваат на локалното население од поплавите

poplavi-skopje

Медицински тимови регистрирале цревни и кожни во поплавените области . Купиштата ѓубре, мочуриштата, калта почнаа да го земаат данокот по здравјето на локалното население од подрачјата кои беа зафатени од силното невреме минатата сабота.

Поради лошата хигиена меѓу луѓето во селото Стајковци се појавиле кожни болести, вклучувајќи и шуга, а на удар најмногу се децата.

Според информации на здравствените власти засега четири деца се хоспитализирани на инфективната клиника.

Од денеска од куќа во куќа каде што има хронично болни одат тимови од патронажни сестри. Им ја носат неопходната терапија која им била поплавена.  Министерот за здравство вели дека преку Мој Термин ја добиле бројката на хронично болните.

-Ја следиме здравствената состојба. Овде има секакви екипи од здравствен аспект. И итна помош се тука постојано со своите возила, вели Никола Тодоров министер за здравство.

Водата во зафатените подрачја од поплави засега е исправна за пиење и нема опасности од нејзино конзумирање.

Медицинските тимови апелираат сите жени, деца, бремени и возрасни да бидат евакуирани, за да се заштитат од инфекција, а во исто време да се внимава со хигиената и заштитните мерки, кога се работи на терен.

Направени се три здравствени пукнта каде граѓаните ќе може да го проверат здравјето.

Започната е и дезинфекција на поплавените градби.

Би те интересирало и

Oрганизирани повеќе хуманитарни настани за лекување на гостиварецот Стрезовски

Професорот по физичка култура, Заке Крајчевски организираше три претстави на Магионачарско шоу во Центарот за ...

Во полошко голем интерес за вакцинација против сезонски грип

Постарата генерација и оваа година традиционално во голем број ги примија првите вакцини на сезонската ...