Застојаната вода е штетна по здравјето

Водата која преку ноќ е оставена во чаша или отворено шише, не треба да се пие – тврдат научниците. Освен тоа што поради изложеноста на зрачење се менува нејзиниот хемиски состав и Пе-Ха вредност, во таквата вода се собираат честички од прашина, бактерии и таа станува нездрава за пиење, а најверојатно сте забележале дека водата која стои во чаша долго време има и друг вкус.

Исто така, ако порано е пиено од таа чаша и бактериите од плунката сега се наоѓаат во водата – пишува магазинот „Хелти анд Нечурал Лајф“.

Ако досега сте имале навика да пиете таква вода, не мора да ве фаќа паника, но секако би било подобро да се чува во затворено шише или едноставно наутро ставете нова вода во чашата.

Би те интересирало и

Почетокот на настава пред 08.30 часот предизвикува депресија кај учениците

Почетокот на настава пред 08:30 часот наутро го зголемува ризикот од депресија и анксиозност кај ...

Практични совети за безбедно возење на дожд и влажни коловози

Бројот на сообраќајни незгоди се зголемува при секој дожд, односно секогаш кога коловозот е мокар. ...