Затвореник од Идризово починал на КАРИЛ

%d0%ba%d0%b0%d1%80%d0%b8%d0%bb1

Седумдесет и тригодишниот А.М., осуденик од КПД „Идризово“ вчера починал на скопските клиники. Toj како итен случај бил донесен на Kлиниката за нефрологија на 2 овој месец,  но по извесен период неговата здравствената состојба се влошила,  по што итно бил пренесен на КАРИЛ, каде и починал – информира МВР.

Според истражителите, причината за смртта засега не е позната.

Инаку, за 24 часа ова е втор затвореник кој починува на скопските клиники. Педесет и шестгодишниот С.Р., осуденик од КПД „Идризово“ кој бил родум од гостиварското село Речане, завчера околу пладне починал на клиниката за Токсикологија. Од полицијата известија дека тој околу 10 часот дента бил донесен на клиниката, а претходно боледувал од канцер.

По наредба на јавен обвинител, двете тела се однесени за обдукција.

Додади коментар

Би те интересирало и

Фановите на Бибер го молат да ја одложи турнејата

Поради опасноста од терористички напади, фановите на Џастин Бибер, на социјалните мрежи го молат младиот ...

Заев: Со ДУИ и Алијансата сме блиску до договор, со БЕСА немаме разговарано за имиња

Мандатарот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во изјава за Ал Џезеира Балканс вели дека се ...

Close
×

Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh
Advertisment ad adsense adlogger