Затвореник силувал друг затвореник

zatvor-455_0

Во штипскиот затвор вчера рано наутро, дваесетишестгодишниот Р.Џ. од Струмица, го силувал својот цимер, пет години постариот Т.М., исто така од Струмица. Надозорник од Затворот во Штип до полициската станица во 03.20 часот пријавил дека настанала тепачка помеѓу двајцата затвореници.

Од страна на полициски службеници, кои излегле на местото на настанот, утврдено е дека истиот ден околу 03.00 часот додека Т.М. спиел во ќелија Р.Џ., кој бил сместен во истата ќелија, извршил полови дејствија над Т.М. Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.

Не е прв пат да стигне пријава за силување од Затворот во Штип. Во август 2012 –та, затвореник пријави силување од двајца други затвореници, кои се изживувале над него. Минатата година имаше сомнителен случај, кога затвореник заврши со повреди во болница.

Истрагата не соопшти дали навистина имало силување, како што неофицијално се пренесе.

Додади коментар

Би те интересирало и

Кој тепал, а кој е тепан – Инцидент во Клиничката болница во Штип

Маж од Берово тврди дека за време на посета на свој роднина, бил нападнат од ...

Четиригодишно дете повредено во сообраќајна незгода во гостиварско

Четиригодишно дете е поврдено во сообраќајна незгода која вчера попладне се случила на регионалниот пат Тетово-Пирок. ...

Close
×

Додади коментар
Web Design BangladeshWeb Design BangladeshMymensingh
Advertisment ad adsense adlogger