Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој вели дека не е изненаден од кривичната пријава во овој период, па како што вели, можеби ќе следат и повеќе кривични пријави.

Захариев потсетува дека тој довербата од граѓаните ќе ја бара и на претстојните локални избори, а дециден е дека во изминатите четири години работел законито, професионално и одговорно.

Во продолжение, интегрална верзија од неговата изјава:

– Се работи за компанијата Актива и за објект на улица „Гоце Дечев“. Оваа компанија со преддоговор платила 1.5 милиони денари за комуналии. Во меѓувреме таа компанија, го направила објектот иако немала одобрение за градење, и со Законот за легализација го легализираа и за тоа си платија.

Подоцна го дооформија објектот но останаа да висат 1.5 милиони денари за комуналии а објектот веќе е легализиран по друг основ. Општина Штип  требаше да биде тужена од страна на „Актива“, за тие 1.5 милиона денари од страна на ЈП „Штип проект“ да бидат вратени и тоа со камати. За среќа „ Актива“ почна да гради нов објект а тоа е „Актива аутомотив“ во индустриската зона „Запад“ со белгиски „Ван Хул“ и тоа беше шанса да се пребиеме, бидејќи за објектот направен во 2004, кога јас не сум бил градоначалник, а со Законот за легализација си платија а висеа 1.5 милиона денари за комуналии. Ние моравме да ги враќаме тие пари назад. Предметот е кристално чист и ова е политичка пресметка, и македонската и штипската јавност треба да знае дека за секој проект од страна на полциијата, во изминатите 4 години следеше кривична пријава. Имаше над 40 истраги и ниедна кривичан пријава не е процесуирана, што е доказ за мојата чесност и одговорност. Ние никогаш нема да дозволиме, а посебно јас да направам нешто што ќе биде незаконито. Ние се радуваме што Актива направи огромна фабрика а сега гради и втор погон и вработија над 350 лица. До денер исплатила се’ на Општината и беа фер и коректни и не не’ тужеа за тие 1.5 милиона денари за да ги вратиме и плус камати. Мислам дека овој предмет, обвинителството да го истражи докрај и да покаже колку МВР, работи во прилог на една политичка партија.

Ние спокојно ја продолжуваме кампањата, за нас нема дилеми и ние сме убедени во победа на 15 октомври, и тоа со резултат 3:1. Така да, таквата помош на слабиот противкандидат и конкурент на другата партија не му требаше во овој момент“.

Со пишано соопштение реагираше и СДСМ

-Сомнежите за постоење за наводно злосторничко здружение на ВМРО ДПМНЕ, инсталирано во Штип ќе се  испостават како точни. СВР Штип поднесе кривична пријава против Илчо Захариев. Според Министерството за внатрешни работи пријавениот како службено лице, градоначалник на општина Штип Илчо Захариев  ја искористил службената положба  за нанесување на противправна имотна штета, на товарот на граѓаните на Општина Штип спротивно на законските прописи. Граѓаните на Општина Штип се ограбени за 1.567.619 денари – се вели во реакцијата.

Би те интересирало и

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...

Нормализиран железничкиот сообраќај

Железничкиот сообраќај во Македонија е нормализиран откако е исплатен вториот дел од платата на машинскиот ...