За викендот постудено и ветровито време

Температурите утре ќе се спуштат за дополнителни два до три степени во однос на денешните, особено кон истокот на земјата. Според УХМР, утринските темпераратури утре ќе бидат во интервал од – 6 до 3 степени. Позначајно спуштање ќе се почуствува во Кривопаланечко, во Пелагонија и во пониските делови од скопската котлина.

Зголeмување на утринските температури се очекува од вторник кога насекаде ќе бидат над нулата.

Северниот ветер ќе продолжи да дува и за викендот, а повторно ќе засилува и тоа на север, по Повардарието и кон исток во недела. Во недела попладне ќе се зголемува облачноста и ќе има услови за слаб краткотраен дожд, а на планините од слаб снег преку ноќта. Дневните температури од недела брзо ќе се покачат и покрај повремените наоблачувања до крајот на следната работна недела, тие ќе се надминуваат 20 степени, пред се на југоистокот.

Додади коментар

Би те интересирало и

Дивата депонија ги труе тетовци, откако во саботата на повеќе места беше запалена

Цело Тетово три дена е обвиено во густ чад, се шири неподнослива смреда. Граѓаните излегоа ...

Човечки коски најдени во пештера на Сува Гора

Спелеолози во истражување на пештера на планината Сува Гора, во атарот на селото Корита, наишле ...

Close