За денеска е закажано ново рочиште за насилните протести пред општина Центар

СЈО се уште ја нема добиено одлуката по поднесената жалба за суштински повреди на законот за кривична постапка до скопска апелација.

На рочиштето на 16 декември, судијката Татјана Михајлова ги одби како доказ „бомбите“ со образложение дека биле прибавени на нелегален начин, со кршење на човековите права и слободи и на меѓународните конвенции.

Михајлова го одби и предлогот на СЈО, застапувано од обвинителката Фатиме Фетаи, во доказната постапка да биде сослушан сведок со статус загрозен, чиј идентитет би го знаела само таа.

Судскиот процес се однесува на нарачаните шамари за градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и насилните протести пред општината.

Обвинението е поднесено против 14 лица за кривично дело „насилство“, и тоа за пет лица како поттикнувачи на насилството и девет лица како директни извршители. Во овој случај првообвинет е поранешниот премиер, Никола Груевски.

Преземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Новиот мост на Пена може да предизвика поплави

Дел од експертската јавност и граѓаните се сомневаат дека новиот мост на река Пена кој ...

В четврток ново рочиште за Труст

В четврток е закажано ново рочиште за случајот Труст на Специјалното јавно обвинителство, кога треба ...