За изречена казна на фирма ќе се плаќа само глобата, нема да се затвора објектот

Пратеници од владејачкото мнозинство во Собранието предлагаат измени на Законот за изменување на Законот за регистрирање на готовински плаќања, по скратена постапка, со кое се бара да му се овозможи на даночниот обврзник кај кого е констатирана незаконитост да нема забрана за вршење на дејност во деловната просторија во траење од 15 дена и за даночен обврзник физичко лице, затоа што во другите членови од овој закон се пропишани обврски за плаќање глоба, пренесува Академик.

Во постојното решение се предвидува дека доколку при вршењето на контролата даночниот инспектор или даночниот контролор утврди дека даночниот обврзник не го регистрира прометот преку фискален апарат, не издава фискална сметка на купувачите, односно на корисниците на услугата или нема инсталирано GPRS-терминал и крипто модул, составува записник во кој ја внесува констатираната незаконитост.

Врз основа на констатираната незаконитост, Управата за јавни приходи донесува времено решение со кое на даночниот обврзник ќе му забрани вршење дејност во деловната просторија во траење од 15 дена за даночен обврзник правно лице и 15 дена за даночен обврзник физичко лице.

Пратениците сметаат дека тоа не придонесува за економски развој, ниту за тоа да може даночниот обврзник, без да ја извршува дејноста, да плати казна и други давачки кон државата.

Превземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Оптимистички најави од новата локална власт во Неготино дека проблемот со недостиг на вода ќе отиде во заборав

Ќе се реши ли конечно проблемот со недостигот на водата за пиење во Неготино – ...

Граѓаните на Штип и надлежните в петок ќе расправаат за квалитетот на водата за пиење

Водоснабдување, квалитет на водата за пиење, одвод и канализација – ова се темите за кои ...

www.youtube.com/watch?v=vgXD49WRJkA