За неполни триесет минути вчера попладне избувнаа два пожара во Крива Паланка – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

За неполни триесет минути вчера попладне избувнаа два пожара во Крива Паланка

Два пожари за речиси половина час избувнаа вчера попладне во Крива Паланка. Како што информираа од ТПЕ во едниот пожар изгорела шума додека пак дрвца вишни изгореле во вториот пожар.

Првата дојава пожарникарите ја добиле во 14 часот и 17 мин, дека гори шума во местото наречено Мезовски ливади,овде се интервенирало со едно возило и двајца пожарникари. Била опожарена површина од 1,5 декар багрем.

Второто јавување пожарникарите го имале во 14 часот и 40 минути, им било јавено дека се запалиле насад со вишни во населба Белево.

Во вториот пожар изгорел еден ар вишни, рече Коцевски.И двата пожара се случиле на приватен имот.

Од почетокот на годината досега од Кривопаланечката противпожарна служба интервенирале во 39 случаи. Од таму повторно упатија апел да се почитува законот за излегување во шуми и доколку се забележи појава на пожар веднаш да се алармира до надлежните.

Автор: Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Столтенберг: Решавањето на проблемот со името клучно за членството во НАТО

По обраќањето во Собранието и неколкуте средби со министри и политички лидери, генералниот секретар на ...

Столтенберг: Има место за уште знамиња пред седиштето на НАТО

Петнаесетина минути траеше денешното обраќање на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во Собранието, од ...