За пет дена во Албанија од студот починаа осум лица

albania-sneg-1

Во последните пет дена во Албанија дури осум лица починаа од ескретмно ниските температури, од кои четири во средата.

Новинската агенција Балканвеб од Тирана информираше дека во средата две стари лица од студот починале во Погредец и Драл, додека две деца починале за време на лизгање на езерото во Кашар кога мразот пукнал, а тие паднале во водата и се смрзнале. Станува збор за две малотелни лица на 12 и 15 годишна возраст.

Истиот извор наведува дека температурите во Албанија веќе неколку дена се 20 степени под нулата, а по неколку декади снег има во Драл. Саранда, Валона и други приморски градови каде што снежни врнежи не се забекежани подог период.

Поради снегот голем број селски населби во североисточна Албанија се целсоно отсечени.

Извор: Макфакс

Додади коментар

Би те интересирало и

Кумановец тешко повреден во сообраќајна незгода

Сообраќајна незгода се случила вчера попладне во Скопје, пред главен влез на затвор „Идризово“. До незгодата ...

Киднапирање во Скопје: Ја грабнал од дома и ја однел до манастир

Четириесет и едногодишната скопјанка, М.С. утрово околу 03.30 часот пријавила дека претходниот ден во вечерните часови, ...

Close