За правично судење, потребно е ослободување од личните предрасуди, вели британскиот судија Кевин Меккормак

Според Европската конвенција за заштита на човековите права и според Европскиот суд за човекови права, секој човек има право на правично и јавно судење кое се одвива во разумен рок, истакнува британскиот судија Кевин Меккормак, судија во Врховниот суд во Обединетото Кралство и еден од говорниците на денешниот настан посветен на заштитата на правото на фер судење.

Ова право, образложува судијата Меккормак, мора да се остварува пред независен и непристрасен, со закон воспоставен трибунал, со што ќе бидат утврдени неговите граѓански права и обврски или какви било кривични обвиненија против обвинетиот.

Како што се определува во Европската конвенција, пресудата треба да се изрече јавно, а новинарите и јавноста можат да бидат исклучени за време на целиот судски процес или на дел од него во интерес на моралот, јавниот ред или националната безбедност во едно демократско општество, кога тоа го наложуваат интересите на малолетникот или заштитата на приватниот живот на страните во спорот, или кога тоа судот го смета за неопходно во посебни околности кога публицитетот би можел да им нанесе штета на интересите на правдата.

Во таа смисла, должноста на судијата е да обезбеди правично судење во согласност со законот. Треба секогаш да се има предвид, вели британскиот судија, дека правичноста е  двонасочна улица. Во Англија и Велс, судиите се обврзани според Законот за кривичната постапка активно да ги водат случаите. Во Законот, додава судијата, се наведува дека примарна цел е случајот да се реши правично и овде е вклучен и услов случаите да се решаваат ефикасно и брзо.

Кога судијата вели дека има полза од исходот на случајот за кој станува збор, тој треба и мора да биде отстранет од донесувањето на одлука во тој случај. Тоа се ситуации кога набљудувачот којшто е информиран и без предрасуди, со оглед на фактите, ќе заклучи дека постои вистинска можност судскиот трибунал да биде пристрасен.

„Ова беше јасно утврдено во случајот на Европскиот суд за човекови права, Findlay v United Kingdom (1997) 24 E.H.R.R. 221 at [73], каде што Судот изјави дека што се однесува до прашањето на ‘непристрасност’, ова барање има два аспекти. Прво, трибуналот мора да биде субјективно ослободен од лични предрасуди или пристрасност. Второ, мора да биде непристрасен и од објективна гледна точка, односно мора да нуди доволна гаранција за исклучување на секакво оправдано сомневање. Концептите на независност и објективна непристрасност се тесно поврзани”, образложува судијата.

Во Англија и Велс, додава судијата, како и во многу други земји, членовите на судството се избираат од редовите на активните адвокати.

„Може да се појави ситуација каде што еден судија има професионално здружение со адвокат којшто се појавува пред нив. Дали со ова се покренува прашањето за пристрасност? Судовите заземаат прагматичен став дека судијата нема и не треба да се смета дека веројатно ќе ја фаворизира едната страна во однос на другата само затоа што тој или таа дејствувал за страни коишто се поврзани со причина којашто е релевантна за конкретното прашање. Треба да се има предвид дека адвокатот којшто ја претставува страната го става на прво место случајот на таа страна, при што не мора да значи дека на тој начин тој ги искажува своите ставови. Само поради тоа што адвокатот дејствувал во името на лице коешто претставува одредена причина или гледна точка, тоа не значи дека адвокатот е наклонет кон таа причина или гледна точка“, вели судијата.

„Ова расудување може да се види во The Gypsy Council v United Kingdom (2002) 35 EHRR CD 96, каде што Европскиот суд за човекови права отфрли еден аргумент како очигледно неоснован затоа што член 6 (право на правично судење) е повреден поради појава на пристрасност. Таков е примерот со еден заменик судија со неполно работно време, кој за време на случај во кој на едната страна имало Роми, а на другата страна јавен орган, бил активен адвокат на коj му се обраќале како советник за Владата во голем број случаи пред Судот за човекови права коишто вклучувале Роми и кој тврдел дека јавните органи не ги повредиле правата на Ромите. Заменикот судија во тој случај останал да биде активен и може да се надева повторно да биде побаран од страна на Владата, па сепак било јасно дека немало појава на пристрасност“, истакнува судијата Кевин Меккормак, судија во Врховниот суд во Обединетото Кралство.

Превземено од: Академик

Додади коментар

Би те интересирало и

Амал Клуни блеска по породувањето

Три месеци по породувањето, славната адвокатка и сопруга на Џорџ Клуни, Амал Клуни веќе им ...

Маноло Бланик застана во одбрана на Меланија Трамп

  Првата дама на САД, Меланија Трамп неодамна предизвика лавина од негативни коментари поради за ...

Close