За признавање на македонските возачки дозволи во Германија, недостигаат уште 18.500 потписи на петицијата

Уште еден месец  можност имаат македонските граѓани да ги соберат потребните потписи за петицијата, којашто би требало да резултира со признавање на македонските возачки дозволи во Германија.

Иницијативата ја покренаа македонски државјани кои работат, престојуваат и живеат во Германија со поддршка на  граѓани од Македонија. Откако обидот, проблемот да се реши по дипломатски пат не успеа, решението сега се бара со помош на интернет петиција.

Кавадарчанецот Ѕвонко Ѓорѓов е еден од иницијаторите на оваа петиција:

„Во консултација со иселениците како и  граѓани од тука, засегнати со тој проблем  решивме да покренеме петиција која што сакаме да ја доставиме до Бундестагот преку нашата амбасада во Бон, за да издејствуваме да ни се признаат возачките. Секој граѓанин може да биде засегнат од тој проблем“.

За да успее петицијата потребно е да се соберат 50.000 потписи. Околу 31.500 потписи биле собрани дос ега. Ако се соберат потребните потписи, ќе издвојуваме една граѓанска дипломатка победа, сметаат иницијаторите на интернет петицијата.

„Првично потписите требаше да се собираат до 4 мај, но бидејќи не беше обезбеден потребниот број, рокот е продолжен до крајот на месец јуни. Пред пет-шест месеци  со петиција, Србите успеаја да им биде призната во Германија нивната дозвола, па се надевам дека и ние ќе успееме во истата постапка“, вели  Ѓорѓов.

Според законските прописи во Германија, по пријавувањето на адресата на живеење во рок од шест месеци истекува важноста на македонската возачка дозвола а истото  важи и за оние наши сограѓани кои македонските ги замениле со возачки од други земји од ЕУ. Иницијаторите на петицијата велат дека повикани се сите граѓани, без разлика дали се засегнати или не со овој проблем да помогнат за собирање на што поголем број на потписи.

Со оглед на тоа што македонските возачки дозволи не се признати во Германија, македонските граѓани се принудени да го полагаат возачкиот испит од почеток, а тоа чини 2000 евра.

Петицијата може да ја потпишете овде.

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...