За само два дена полицијата има регистрирано три случаи на семејно насилство во полошко

Жител на Тетово го нападнал неговиот 51 годишен брат и неговата снаа, кои живееле во заеднички дом. Напаѓачот најпрвин побарал пари од неговиот брат и му се заканил дека ќе го убие.

И на двајцата им рекол веднаш да ја напуштат куќата, по што со дрвен стап го удрил по главата, а потоа со стапот ја удрил и неговата снаа, која во меѓувреме се обидела да ги раздели. Тој во дворот исфрлил повеќе предмети од куќата, ја скршил и вратата. Се вмешале роднините кои живееле во близина и го спречиле да продолжи со насилно однесување. Набрзо, пријавениот приведен е и задржан во Полициската станица Тетово.

Завчеравечер околу 23 часот, 42-годишен жител на гостиварска Долна Бањица пријавил семејно насилство што го извршил 80-годишниот татко, кој претходно психички ја малтретирал неговата мајка, ја навредувал, влечел и ја соборил на подот во ходникот на првиот кат од куќата. Откако синот се вмешал поради ваквот насилство, таткото го нападнал, започнал да се расправа со него и со секира во рацете трчал по него низ дворот, а потоа влегол во собата и се заклучил. Пријавениот лишен е од слобода, одземена му е секирата и задржан е во Полициската станица Гостивар. .

Во гостиварско Сенокосе пак нападнат е 52 годишник од ова село од страна од неговиот 20-годишен син. Тој околу  8 часот ги навредувал родителите, им се заканил со нож, по што со секира и со разни видови метални предмети фрлал кон таткото и го удрил по десната рака. Извршен е увид, а пријавителот побарал кривичен прогон. Се преземаат мерки и активности за пронаоѓање на синот кој набрзо заминал од куќата.

Полицијата работи на целосно расветлување на сите три случаи.

Од СВР Тетово како најчести причини за семејно насилство ги наведуваат  финансиски потешкотии, психички растројства и меѓугенерациски недоразбирања.

Но најчесто, случаите на семејното насилство не го добиваат правниот епилог. Според тетовската полиција, пријавителите на семејното насилство пред да започне судскиот процес се предомислуваат и го повлекуваат кривичниот прогон за ова кривично дело,  откако ќе ја сватат сериозноста на можните тешки законски последици врз нивните најблиски.

Би те интересирало и

НДМ: Знае ли МВР дека со криење на запленетата дрога во дискотека им прави штета на младите

Народно движење за Македонија преку соопштение испратено до јавноста ги поздрави актуелните акциски контроли на ...

Опожарен угостителски објект во Жеровјане

Опожарен е дел од ноќен клуб лоциран во село Жеровјане. Пожарот избувнал вчера околу 6 ...