Зголемено нивото на вода во езерото Калиманци

Зголеменото ниво на водата во езерото Калиманци во последните денови е поради врнежите од дожд кои во последните три дена ја зафатија источна Македонија.

Во перидот од 23 до 25 мај се потрошени 458 илјади метри кубни акумулирана вода, велат од Водостопанското претпријатие „Брегалница“ од Кочани.

Мерењата покажуваат дека средниот доток на вода изнесува 3,5 метри кубни во секунда, додека средниот истек на вода за полнење на нивите под ориз изнесува 6,4 метри кубни вода во секунда.

Иако нивото на акумулираната вода е намалено за 14 сантиметри, во акумулацијата Калиманци со денешниот датум има 78 милини и 926 илјади метри кубни вода, што е задоволителна количина ако се има предвид податокот дека пред месец дена наводнителната сезона почна со 75 милиони метри кубни акумулирана вода.

Вишокот колични вода ќе бидат насочени за извршување на наводнителната сезона за површините под ориз кои со рестрикцијата поради сушата, се застапени на 2500 хектари во атарите на општините од регионот.

Превземено од: Макфакс

Би те интересирало и

Бејли: Јас не го почнав случајот со ДИК

На денешното предавање за корупција пред студентите на Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“  во ...

Штитеничка од Велес од неделата го напуштила Домот за стари лица во Прилеп

Од неделата попладне четириесет и деветгодишната Каролина Арсова од Велес, која од 2013-та година била ...