Зголемено нивото на реката Струмица поради врнежите

За 30 сантиметри е зголемен водостојот на реката Струмица во Сушево поради интензивните врнежи дожд во текот на вчерашниот ден, соопшти УХМР.

Нивоата на останатите реки во Македонија не се драстично променети и генерално се под просекот за мај.

Речиси четири пати понизок е водостојот на Вардар кај Јегуновце и изнесува 34 сантиметри за разлика од мајскиот просек кој е 116, додека Црна Река кај Новаци, Треска кај Македонски Брод и Црн Дрим кај Ложани бележат двојно помало ниво.

Додади коментар

Би те интересирало и

Се очекува летово да се пушти во употреба новиот водовод во Тетово, кој се гради повеќе од една деценија

При крај е изградбата на филтер станицата од новиот тетовски водовод, кој според одговорните од ...

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп

Најмладиот планинар во земјава Ване Бошев, викендов го освои Олимп.Првите чекори во планинарењето на Ване ...

Close