Зголемен бројот на пожари во неготинско, за првите шест месеци од годината од ТППЕ интервенирале во 86 случаи – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Зголемен бројот на пожари во неготинско, за првите шест месеци од годината од ТППЕ интервенирале во 86 случаи

Зголемен е бројот на пожари во неготинско -информира денеска командирот на Територијалната противпожарна единица од Неготино, Иле Илиев.

Само за споредба, ако минатата година имале регистрирано 122 интервенции, во првата половина од оваа година 86 пати неготинските пожарнникари излегле на терен и тоа 24 пожари на затворен и 59 на отворен простор. Од таму апелираат до населението за внимателно однесување бидејќи најчест причинител за пожарите е човекот, од невнимание, негрижа или пак намерно.

Илиев информираше дека за овој период интервенирале и во два случаја на запалени контејнери, како и при една сообраќајна несреќа.

Според Илиев, голем дел од населението не ги сфаќаат  последиците и негативното влијание што шумските пожари може да ги имаат врз нивните животи,затоа доколку се забележи појава на пожар, веднаш истата да ја пријават.

Тој нагласи дека остануваат препораките за превентивно однесување од страна на жителите на неготинска и демиркаписка општина се со цел помалку пожари и  штети.

 

Билјана Тошевски

Би те интересирало и

Од март се укинува забраната за купување алкохол по 19 часот

Измените на Законот за трговија со кој треба да се укине ограничувањето за продажба на ...

Советот на Општина Прилеп ќе легализира и пренамени објект за Дневен центар за деца со церебрална парализа

Советот на Општина Прилеп на итна седма по ред, седница, во новиот состав ја усвои ...