Се’ за храна: Здрави палачинки од банана за 5 минути

Има ли такви кои бесконечно долго можат да се одречат од слатката храна!? Сигурни сме дека не! Секако, со волја и желба секој од нас може да го направи тоа за извесен период, но долготрајното добро здравје во текот на животот, подразбира здрав животен стил на долг рок. Па, со цел да овозможиме тоа да биде полесно, ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за здрави палачинки од банана, кои се прават за само 5 минути и се без шеќер, без глутен и без лактоза.

На кратко, одлични за сите! Обожавани од вегетаријанци, лица кои се придржуваат на различни диетални режими, дел од менито на палео исхраната и супер за деца и возрасни. Вкусот не заостанува зад квалитетите воопшто. Вреди да ги пробате.

Состојки:

  • 1 банана
  • 2 јајца
  • 1/2 чаша овес
  • 1/4 чаша мед или јаворов сируп
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • 1/2 лажичка цимет
  • малку путер за намрсување на тавата (по желба може и со масло).

Подготовка:

  1. Најпрво ставете го овесот во блендер и убаво иситнете го.
  2. Потоа, додајте ја бананата, јајцата, медот, ванилата и циметот и повторно блендирајте.
  3. Тавата намрсете ја со путер и добро загрејте ја, па турете од смесата за палачинки. мал совет кој можеме да ви го дадеме, е смесата да ја турвате одеднаш со лажицата, без да ја разнесувате по тавчето, а таа самата ќе се прошири во форма на круг.
  4. Откако ќе се појават меурчиња на горната страна можете да ја превртите за да се печи од другата страна. Брзо и лесно, ќе имате одличен оброк, на здравје!

Ви препорачуваме да прочитате: Палачинки во форма на срце со SlC Meal Replacement Strawberry.

Превземено од: sezahrana.mk 

Додади коментар

Би те интересирало и

Се’ за храна: Со здрави навики против висок крвен притисок

Високиот крвен притисок или хипертензија е честа здравствена состојба која се среќава кај 60% од ...

По празниците: Детоксикација со диета но не со прегладнување

Празниците во Македонија се пречекуваат со богата трпеза. И тогаш ретко кој од нас е ...

Close
Advertisment ad adsense adlogger