Зекири: Толпата во Собрание го извикуваше моето име, не бев нападнат зашто не успеаја да дојдат до мене – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Зекири: Толпата во Собрание го извикуваше моето име, не бев нападнат зашто не успеаја да дојдат до мене

Денешното рочиште за обидот за убиство на Зијадин Села од 27 април, продолжи со сведочење на пратеникот Мухамед Зекири. Тој во судницата препозна еден од обвинетите, кој беше препознат и од претходниот сведок Аљими.

фото: архива

Станува збор за Александар Јаневски Тошта кој според првиот сведок, ја смирувал толпата што го нападнала Села. Сепак, Зекири посочи дека впрочем, тој прво го повлекол Села за рака, по што се придружиле уште две лица за да го изнесат Села од просторијата.

,Гледавме како ги напаѓаат нашите колеги. Таму беше и Зијадин Села кој беше удрен со тврд предмет, но не забележав кој го фрли предметот”, рече Зекири.

,,Кога го извлекоа Села не можев да видам што се случува и тогаш добив порака на мобилниот телефон. Новинарка ме праша дали е точно дека дека Села е мртов. Јас одговорив дека не можам да потврдам” додаде Зекири. Некои колеги пратеници, посочи тој, мислеле дека се работи за мене, а не за Села и тоа ми го кажаа откако не’ евакуираа.

Пратеникот Зекири, во моментот кога влегла толпата бил во Галеријата, но откако слушнал дека и натаму доаѓаат луѓе успеал да влезе во една од кабините за превод.

-Мене ме бараа по име и презиме кај се наоѓам. Се обидоа да ја отворат вратата од кабината, но таму бевме пет души и ставивме една столица за да не отворат. Јас не бев нападнат бидејќи не успеаја да дојдат до мене. Ја слушав толпата како го извикува моето име: каде е Мухамед Зекири, каде е Муки – раскажа сведокот.

На денешното рочиште треба да сведочи уште еден сведок. На претходното рочиште кое се одржа на десетти април сведочеа собранискиот спикер Талат Џафери, пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски и министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски.

Вања Мицевска

Би те интересирало и

Градоначалникот Јованоски ги прими и им врачи подароци на трите топ менаџерки од Прилеп

Градоначалникот на Прилеп Илија Јованоски претпладнево во својот кабинет оствари прием за трите прилепчанки менаџерки:Ирена ...

Времен сообраќаен режим на дел од автопатот Велес-Катланово

Времен режин на сообраќај ќе се воведе од утре до 10 мај на автопатот А1(Е-75) ...