Земјоделското училиште во Тетово домаќин на Проектот Моето паметно училиште – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Земјоделското училиште во Тетово домаќин на Проектот Моето паметно училиште

Средното земјоделско училиште Моша Пијаде во Тетово, ќе биде домаќин на проектот Моето паметно училиште, како дел од Еразмус плус програмата.

Ученици и професори од 4 земји, ќе разменуваат искуства во сверата на информатичката технологија.

Проектот Моето паметно училиште кој започна уште вчера, ќе трае 5 дена кога учениците заеднички ќе изработуваат дигитални содржини за одредени предмети.Учениците од странство ќе ги презентираат своите земји преку онлајн алатки. Потоа ќе следуваат посета на градови, изјави Небојша Трпковски координатор на проектот.

Гостите задоволни од престојот во нашата земја и проектот Моето паметно училиште, кој е дел од Еразмус програмата.

Автор: Зоран Димовски

Би те интересирало и

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука

Се воведува државна награда за Денот на албанската азбука – 22 ноември. Ова го предвидуваат ...

Прифатени измените на Изборниот законик, ќе се бира привремен состав на ДИК

Собранието денеска во продолжение на 46. седница го донесе Предлог на закон за изменување на ...