Земјоделците поднеле 11.000 барања за проценка на штета од измрзнување

Македонија на 21 и 22 април беше зафатена од ладен бран кој предизвика измрзнување на овошките и лозите.

Вкупно 11.000 земјоделци до 10 мај, пријавиле штети од доцните пролетни мразови во подрачните единици на Министерството за земјоделство.

Најмногу од нив 3.000 се од Кавадарци од Неготино 2.700, 2.100 од Ресен, а во Берово, Делчево и во Радовиш штети пријавиле повеќе од 1.000 земјоделски стопанство. Во другите општини бројот на поднесени барања е помал.

На проценка на штетите работат 73 комисии кои по посетата на сите земјоделски површини на кои е пријавена штета ќе поднесат извештати.

Обештетувањето ќе се врши преку Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството по проценката од страна на комисиите и по проверката од старна на бирото за судски вештачења.

Македонија на 21 и 22 април беше зафатена од ладен бран кој предизвика измрзнување на овошките и лозите.

Превземено од: ПлусИнфо

Додади коментар

Би те интересирало и

Новинарите и понатаму се соочуваа со пречки во однос на слободниот пристап до информации од јавен карактер

Или не добиваат информации, а ако ги добијат чекаат по месец и половина. Со вакви ...

Захариев реагираше по кривичната пријава: Во овие 4 години работев законито и одговорно

Градоначалникот на Штип, Илчо Захариев реагираше по веста дека полицијата му поднела кривична пријава. Тој ...

Close