Земјотрес од 5,6 степен во близина на нуклеарната централа „Фукушима“

Земјотрес од 5,6 степен го потресе североисточниот дел на Јапонија, соопштија агенциите.

Според податоците на националното метеоролошко управување, епицентарот бил во реонот на префектурата Мијаги на длабочина од 50 километри.

За кратко беше прогласена тревога од цунами. Засега нема податоци за разурнувања и жртви.

Нема информации и за проблеми во нуклеарната централа „Фукушима“, која е во соседната префектура.

Земјотресот е почувствуван во 17 префектури на Јапонија.

Извор: Стандард

 

Би те интересирало и

Божикното дрво што преживеа удар од гром пристигна во Ватикан

Божикното дрво што пред неколку години во Полска преживеа удар од гром, поставено е на ...

САД ќе испратат авиони на заедничка вежба со Јужна Кореја

Соединетите Американски Држави ќе испратат авиони од типот „Ф-22“ во Јужна Кореја, каде би требало ...