Зидан: Заостануваме осум бода во однос на Барселона само поради една причина – Радио Мрежа Канал 77 – Магија во етерот

Зидан: Заостануваме осум бода во однос на Барселона само поради една причина

Барселона вчера го изрежира првиот кикс на домашен терен оваа сезона ремизирајќи 2:2 со екипата на Селта Виго, а ако ваквиот епилог го искористи Атлетико Мадрид кој со пресврт победи над Реал Сосиедад, тоа не му појде од рака на Реал кој едноставно не успеа да го скрши отпорот на Атлетик Билбао.

„Кралевите“ не ја искористија укажаната шанса и одиграа разочарувачки 0:0 на „Сан Мамес“ во Билбао, а иако гостите имаа неколку изгледни шанси за да постигнат гол, како главен проблем одново се покажа неефикасноста на напаѓачите. Ова веќе прераснува во посериозен проблем за Реал со оглед на тоа што таквиот тренд продолжи и во ситуација кога тимот мораше да победи, а Зидан по натпреварот призна дека тоа е причината поради која Барселона има осум бода предност на табелата.

– Многу сум разочаран од резултатот, не поради себе, туку поради играчите кои заслужија многу повеќе. Знаевме дека имаме шанси да ја намалме прердноста, а навистина жално е што не добивме награда и не постигнавме гол. Заслуживме повеќе. Може да се игра лошо, но на овој натпревар и на натпреварот со Атлетико Мадрид заслуживме многу повеќе, а добивме само по еден бод. Голот е тоа што најмногу ни недостасува оваа сезона. Заостануваме осум бодови во однос на Барселона само поради една причина, а тоа е слабата реализација на шансите, односно неефикасноста. Денеска не сакаше да влезе и тоа е тоа. Мора да мислиме дека на следниот меч ќе го промениме тоа, – завршил Зизу.

Извор: Дерби

Би те интересирало и

Мурињо: Погба беше многу добар

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, по натпреварот со Бурнемут (2:0), го пофали играчот од ...

Избран најдобриот тим во Премиер лигата

Професионалната фудбалска асоцијација (ПФА) на Англија го избра најдобриот тим во Премиер лигата за сезоната ...